Јелена Карлеуша во стил од 80тите ја покажа својата совршена линија

ИЗВОРnovlist.mk
|

Jелена Карлеуша овој пат ги изненади своите фанови со ретро изглед од 80тите, како што и самата напиша во опис на сликата која ја објави на Инстаграм.

Секој ден ЈК има нова топ комбинација која ја споделува со повеќе од 2 милиони следбеници, на кои секогаш им измамува воздишки со својот изглед. Овој не беше облечена ниту во провокативен фустан, комбилизон, ниту во штикли или чизми, туку во спортска варијанта- патики, кожна јакна, шорцеви и топ.


Секако детал кој не може, а да не се забележи се нејзините очила за сонце кои никогаш не може да здосадат. Комплетниот стајлинг целосно ги истакна нејзините долги нозе, стомачни и совршената линија на која работеше напорно последниве неколку месеци. Повеќе би рекле дека наликува на топ модел отколлку на пејачка.
„Вибрација од осумдесетите“- напиша Јелена под нејзината фотографија, а од нејзините фотографии е воодушевена и Јелена Розга која и напиша коментар дека изгледа ТОП.