Момците од рускиот јутјуб-канал „Гаража 54“ се познати по тоа што сакаат да сечат автомобили, да ги преправаат и од нив да прават буквално сè и сешто, како и да ги украсувааат со најразлични можни додатоци од сопствено производство.
Овој пат, автомобилот не бил исечен однадвор, туку внатрешноста на едно старо БМВ серија 3 ја преправиле така што воланот и другите команди ги преместиле од предното на задното лево седиште.
Кога се увериле дека конверзијата излегла како што ја замислиле, тие го ставиле германски овчар Самурај на предното седиште, зад оригиналниот волан што не го поместиле, дале гас и се упатиле кон градот.