Неодолив колач со бисквити крие едно изненадување : ваков чизкејк не сте пробале

ИЗВОРnovlist.mk
|

Сосема е можно да се ужива во здрави слатки. Пробајте го овој вкусен колач и никогаш повеќе нема да сакате да купувате слатки.

Чизкејкот стана највкусен десерт без кое не може да помине ниту една прослава, а овој крие вкусно изненадување – тиква!

Состојки:

Кора:
* 50 гр путер
* 300 гр мелени бисквити по желба

Фил:
* 500 гр крем сирење
* 400 гр пире од тиква
* 3 лажици брашно
* 1 лажица сируп од агава
* 1 лажица ванила
* 1 лажичка цимет
* ½ лажичка морско оревче
* 4 јајца

Подготовка:

Ставете ги издробените бисквити и путерот во тркалезна тава и рамномерно распоредете ги. Печете ја кората 5 минути на 180 ° C за да се стегне. Направете полнење од останатите состојки. Изматете го полнењето со миксер и ставете го преку кората. Печете ја целата смеса 1 ч на 180 ° С. Можете по избор да премачкате со павлака и дополнително да печете околу 7 минути на иста температура.