Хирурзите се побрзи и попрецизни кога слушаат класична музика додека оперираат

ИЗВОРnovlist.mk
|

Докторите хирурзи треба да слушаат музика од Моцарт додека се во операционата сала, препорачуваат научниците.
Брзината и прецизноста со кои оперираат хирурзите може да бидат значително подобри ако слушаат класична музика во операционата сала, покажа едно најново истражување на Универзитетот Данди.

Студијата, чии резултати беа објавени во International Journal of Surgery, покажа дека слушањето музика од Моцарт ја подобрува работата на докторите за 11 отсто.
Хируршките зафати биле завршувани за 10% побрзо ако во позадина имало класична музика.

Ова е само уште еден доказ за „Моцартовиот ефект“ – префинетата музика, покажа истражувањето, го намалуванивото на стрес и им помага на хирурзите да се фокусираат, а исто така ја намалува анксиозноста кај пациентите.
Истражувањата исто така покажаа дека на пациентите им биле потребни помалку лекови против болка и анестезија додека во салата се слушало класична музика.

Научниците анализирале 18 меѓународни истражувања и дојдоа до заклучок дека слушањето класична музика со тивка или средна јачина ги зголемува прецизноста и брзината на сите медицински лица во операционата сала.