Неколку тибетантски мудрости кои ќе ве направат посреќни

ИЗВОРnovlist.mk
|

Тибетската мудрост се заснова на тоа да бараме среќа во нас самите за да ја споделиме со другите.

Целта е на крај да имаме посреќен и поисполнет живот. Прочитајте неколку од нив:
1. Зборувај полека, размислувај брзо.
2. Не судете за човекот според неговото семејство или потекло.
3. Кога кажуваш „Те сакам“, кажи ги тие зборови со сето свое срце, никогаш не од навика.
4. Кога велите „Жал ми е“, погледнете ја другата страна во очи. Извинувањето мора да биде искрено.
5. Никогаш не ги исмевајте соништата на другите луѓе или не ги спречувајте другите да ги следат.
6. Дајте им на луѓето повеќе отколку што очекуваат од вас и направете го тоа со радост.
7. Не верувајте во сè што слушате, не трошете сè што имате; спијте како да нема утре.
8. Најголемата љубов и најголемите достигнувања вклучуваат голем ризик.
9. Кога ќе изгубите нешто, обидете се да научите лекција.
10. Почитувајте се, почитувајте ги другите луѓе и научете да преземете одговорност за вашите постапки.
11. Не дозволувајте мала расправија да уништи големо пријателство.
12. Ако сте погрешиле – не обидувајте се да го сокриете тоа. Напротив, слободно признајте и обидете се да поправите што може да се поправи.
13. Поминете барем неколку минути самите со себе секој ден за да анализирате што е веќе направено.
14. Мора да бидете отворени за промена, но не и по цена да се откажете од своите вредности.
15. Понекогаш тишината е најдобриот одговор.
16. Читајте повеќе книги!
17. Верувајте им на луѓето, но секогаш чувајте ја влезната врата заклучена.
18. Прочитајте ги луѓето „меѓу редови“.