Што и да рекламира, одлично се продава, Лила е најдобриот инфлуенсер во Македонија

ИЗВОРnovlist.mk
|

Лила Филиповска покрај тоа што без конкуренција е најпопуларната македонска ТВ водителка, последниве неколку години важи и за еден од најбараните инфлуенсери на социјалните мрежи. Водителката рекламира што ќе стигне. Од кондиторски производи и пијалоци, преку накит, шминка и гардероба, па се’ до козметика и… што ти уште не!?

Начинот на кој тоа го прави навидум е обичен и едноставен, ама сепак, не е баш така. Ако подобро погледнете, ќе забележите дека на секоја нејзина рекламна фотографија има доза на еротски набој. Иако Лила можеби и не е баш „во цветот на младоста“, со начинот на кој знае и умее да го истакне она што во себе го носи како сексипил, придонесува она што на себе го носи или рекламира, да добие на значење, на вредност и популарност или во превод – добра продажба.

Така на пример, кога Лила рекламира основа за шминка која делува како втора невидлива кожа, сите ја гледаат во онаа првата, нејзината видлива кожа… И тоа таму каде што е највидлива во позата во која Лила се наместила.


Кога рекламира накит, сите си замислуваат каде ќе заврши огрлицата или приврзокот од ланчето, ако случајно се откачи…


Кога водителката рекламира свечен фустан сите многу повеќе ги интерсира што има под него или евентуално каде почнува шлицот…


Кога рекламира очила за сонце, ги рекламира на така необично место што на многумина им доаѓа да погледнат во „сонцето“ под пената во полната када…