Во Германија лекарите заработуваат пет пати повеќе од фризерите

ИЗВОРnovlist.mk
|

Лекарите во Германија заработуваат најмалку 9.000 евра месечно.

Бизнис порталот Гехалт.де објави најнови податоци за платите во Германија во 2019 година.

Највисоката плата ја земаат искусните лекари кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто, експертите за продажба или аквизација добиваат по 99.635, директорите на фондовите по 83.640 и лекарите специјалисти имаат заработка од 80.720 евра годишно.

Најмалку заработуваат работниците ангажирани во кујна. Нивната годишна бруто плата се движи околу 21.907 евра, фризерите земаат 23.202, келнерите 23.620, работниците во кол центрите 25.200 и рецепционерите имаат годишна заработка од 25.370 евра.