Зошто светлата на семафорите содржат црвена, жолта и зелена боја?

ИЗВОРnovlist.mk
|

Уште како деца нé учеле да ги толкуваме боите на семафорите. Црвената боја значи дека треба да застанеме, додека зелената боја сигнализира дека е во ред да ја преминеме улицата или да продолжиме со возењето, ако сме зад воланот. Жолтата боја ни сигнализира да бидеме подготвени за промена на боите на семафорот. Зошто се избрани токму овие бои, а не некои други бои, како сина и кафеава?


Откријте ја вистинската причина:

Семафорите постојат долго време, уште пред да постојат автомобилите. Поточно, тие за прв пат биле користени во 19 век, како сигнали за возовите.

Црвената боја, во тоа време, сигнализирала дека треба да застанете. Зелената не сигнализирала дека треба да продолжите да возите, туку сигнализирала претпазливост, додека белата ја играла улогата на денешната зелена боја.

Можете да замислите колку ова предизвикувало проблеми кај возачите на возовите, бидејќи белата боја ноќе не се разликувала многу од ѕвездите.

Поради оваа причина, железничките компании решиле дека зелената боја ќе сигнализира безбеден премин, а така останало до денес (освен во Јапонија, каде што истата улога ја игра сината боја).
Што се однесува до црвената боја, таа практично секогаш сигнализирала опасност, долго пред современиот сообраќај. Црвената боја има најдолга бранова должина, која најлесно може да се распознае од далеку.

Жолтата боја, од друга страна, има бранова должина помеѓу црвената и зелената. Затоа е идеална како симбол на претпазливост.