Израдувајте ги вашите најмили со овие пајак-колачиња

ИЗВОРnovlist.mk
|

Доколку сакате да приредите слатко изненадување за вашите најблиски ви предлагаме да ги подготвите овие вкусни и декоративни пајак-колачиња. Сигурни сме дека вашите деца ќе бидат воодушевени. Ќе ви биде потребен помалку од еден час за да ги подготвите.


Потребни состојки:
130 г несолен путер или маргарин
90 г путер од кикиритки
110 г кафеав шеќер
100 г бел шеќер
1 разматено јајце
2 супени лажици млеко
1 мала лажичка екстракт од ванила
220 г сенаменско брашно
1 мала лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
50 г шеќер за увалкување
24 чоколадни топчиња
48 ситни бели бонбончиња
100 г чоколаден прелив (растопено чоколадо)
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 170° C и покријте го плехот за печење со мрсна хартија.
Во длабок сад, со миксер изматете ги маргаринот, путерот од кикиритки, белиот и кафеавиот шеќер. Додајте го и јајцето и матете додека смесата не се изедначи. Потоа додајте ги и млекото и екстрактот од ванила и измешајте.
Во помал сад измешајте ги брашното, содата и солта. Додајте ја сувата смеса во садот со течните состојки и мешајте додека не се оформи тесто. Направете 48 мали топчиња од тестото.
Извалкајте го секое топче во кристален шеќер и редете ги топчињата во плехот за печење. Меѓу секое топче оставајте простор.
Печете ги колачињата од 10 до 12 мин., додека не станат златно-кафеави.
Додека се уште топли, во секое колаче направете дупче и потоа оставете ги да се изладат на решетка.
Секое чоколадно топче пресечете го на пола и врз секое колаче ставете по една половинка од топчињата.
Ставете го чоколадниот прелив во пластична кеса на која ќе направите мало дупче. На секое бело бонбонче ставајте по малку од чоколадниот прелив за да ги залепите на чоколадните топчиња така што ќе дојдат како очи. Потоа преку секое колаче направете линии со чоколадниот прелив, во вид на нозе на пајак.
Оставете го преливот да се исуши, околу 30 мин. на собна температура. Потоа наредете ги колачите во кутија со капак.
Уживајте во вкусот!