Погледнете го овој рецепт како да направите прекрасна посна салата што ќе ве воодушеви со своите раскошни бои и вкусови.
Потребни состојки:
200 грама тестенини
150 грама посен мајонез
1 лажичка сенф
150 грама зрна пченка
200 грама карфиол
1 поголема црвена пиперка
1 пиперка од туршија
1 помал црвен кромид
2 лажици сусам
2 лажици семки од сончоглед
180-200 грама туна
Начин на подготовка:
1. Сварете ги тестенините и обарете го карфиолот.
2. Сусамот и семките од сончоглед ставете ги во тава и печете ги додека да поруменат, а потоа оставете ги да се изладат.
3. Во сварените тестенини додајте ги сите останати состојки: исечканите пиперки и кромидот, мајонезот, сенфот, пченката, карфиолот, сусамот, семките од сончоглед и на крајот додајте ја туната откако претходно ќе ја исцедите од маслото. Измешајте ги состојките додека не се изедначи смесата.