|
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Скопје ќе имаат средба со српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Во рамки на посетата предвидено е да бидат потпишани договори меѓу двете влади за отворање на заедничкиот граничен премин Лојане – Миратовец, како и за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе и против криумчарењето мигранти.