Во Македонија бројот на изградени станови месечно е колку во поголем број од европските земји за 12 месеци односно за цела година. Податоците од Меѓународниот преглед на Државниот завод за стаистика покажуваат бројки кои се дури неприфатливи за разумот.
Со оглед на територијата и големината на некои европски земји во однос на Македонија, се поставува логично прашање како на толку мала територија како нашата, успеваат да „никнат“ толку станови?!
За 10 месеци одобрена изградба на 4.800 станови – вредност на објектите 530 милиони евра.Само за десет месеци од годинава, заклучно со октомври во земјава се издадени одобренија за градење на вкупно 4.779 станови со невверојатна квадратура од речиси 360.000 метри квадратни. Издадени се вкупно 2.471 одобренија за градење, а предвидената вредност на објектите според одобренијата за градење изнесува фантастични над половина милијарда евра или попрецизно 531 милиони евра.
Во Словенија годишно се градат станови колку во Макеоднија во најлошите месеци
Податоците на ДЗС покажуваат дека во Македонија месечно има станови во градба колку во голем дел од европските земји што има вкупно годишно. Така Естонија во 2017 година кога е последнтата година на статистиката, има 491 стан во изградба, Грција 2016 та година 422, Кипар 412, Латвија 189, Луксембург 421, Португалија 722 и Словенија 252. Бројките покаѓуваат дека земји по број на жители како Македонија, пример Словенија годишно има станови во изградба, колку македонија во најлошите месеци.
Најмногу се гради во Скопје
Скопскиот регион води на листата со најмногу издадени дозволи за градење, во октомри – 84. Истиот месец во земјава се издадени вкупно 308 одобренија за градење, или за 11,6 проценти повеќе споредено со октомври лани, при што е предвидена изградба на 562 стана со квадратура од 50.294 метри квадратни. Предвидената вредност на објектите изнесува 3.760.827.000 денари и е за 35,3 проценту помалку во однос октомври минатата година..
По Скопскиот регион, втор на листата по дозволи за градење е Полошкиот со 49, па Југоисточниот со 46. Најмалку одбренија, 8 се издадени во Североисточниот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 151 (49 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 43 (14 проценти) за нискоградба, а 114 (37 проценти) за објекти за реконструкција. Инвеститори на 180 објекти или 58,4 проценти се физички лица, а деловни субјекти на 128 (41,6 проценти) објекти.
Во овој период е предвидена изградба на 562 станови од кои 357 се во Скопскиот регион, односно 190 во општина Ѓорче Петров, 145 во Бутел, 10 во Центар. Нови 84 станови ќе има во Југозападниот регион, од кои 41 во Охрид, 27 во Струга, 16 во Кичево.Во Полошкот регион се планирани 67 стана, а во Североисточниот само еден и тоа во Липково.