Македонија е рекордер во регионот по регистрирани возила во однос на бројот на жители

ИЗВОРnovlist.mk
|

Македонските граѓани се рекордери во регионот, но може да се каже и во Европа по бројот на регистрирани моторни возила во однос на бројот на жители во земјава.


Кај нас лани биле регистрирани речиси 480.000 возила, или пет пати повеќе во однос на Словенија со која може да се споредуваме по бројот на жители, каде биле регистрирани само 88.900 возила.

За три пати е поголем бројот на регистрирани возила во земјава, во однос и на една Хрватска која има жители двојно повеќе од нас, 4,3 милиони или Грција која е пет пати по населена со 10 милиони жители.
Така хрватите лани имале регистрирани вкупно 157.000 возила, а последниот податок за Грција е од 2015-та година кога имало вкупнио 114.800 регистрирани возила.

Далеку зад нас по бројот на возила се и Финска и Ирска, а земја со најмал возен парк во Европа е Исланд со само 24.800 регистрирани моторни возила.

Најголем возен парк пак има Германија со 4 милиони регистрирани возила.