Лепа Брена одржа концерт во Загреб поради кој се пишуваше на сите друштвени мрежи и тоа бидејќи поради другото на снимките се слуша како цела Арена пее „Југословенка“. Големата посетеност и фактот што Брена наполни две сали не им се допаднаа на сите.
Четворица пензионирани хрватски воени генерали побараа од државните органи да преземат мерки по кои за секоја јавна личност без разлика дали е тоа српска пејачка, да се утврди дали некогаш во било кој облик учествувале во агресија над Хрватска.
Под насловот „Национална срамота во хрватски главен град“ Иван Тољ, Иван Капулар, Маринко Крешиќ и Миле Чук во неделата во соопштението за јавност наведоа како на концертот се вееле југословенски знамиња со звезда петокрака, под која како што тие тврдат направени биле злодела над хрватскиот народ и се прашуваат дали е можно да е друштвено прифатливо и да не е казниво да вееш такво знаме среде главен град на една суверена и меѓународно призната држава.
-„Во Загреб, на 14 и 15 декември 2019год. се случи јавно осрамотување на хрватскиот народ и Република Хрватска. Фахрета Јахиќ Живојиновиќ, позната како Лепа Брена одржа концерт во загребската Арена, концерт со кој ги фрли во транс обожавателите на нејзиниот лик и дело. Дали е тоа истата Лепа Брена која се сликаше во Брчко за време на големата српска агресија во маскирани униформи непријателски формации кои ја уништуваа Хрватска, Босна и Херцеговина, хараа по селата и градовите убивајќи невини луѓе?“- се запрашаа пензионираните генерали и додада судејќи по иконографијата во салата, таа е таа Лепа Брена.