Родендените, новогодишните празници, семејните прослави се едни од најубавите поводи за славење и кога се собира целото семејство кое воедно ни е најголема поддршка и во убавите и во тешките мигови.
Адријана Алачки ужива да го поминува времето со своите најмили, односно ќерката, внуката и синот. Така често знае на социјалните мрежи да објави некоја заедничка фотографија со која покажува како ужива.
Деновиве, синот на Алачки го прослави роденденот на својот син Благоја, а по тој повод на социјалните мрежи му се обрати со емотивна порака истакнувајќи дека кога тој се родил му се исполнела најголемата желба во животот.
ФОТО: ФЕЈСБУК
„Синко мој, токму на овој ден ми се исполни најголемата животна желба. Те донесов на овој свет…по многу искушенија…здрав и жив. Го слушнав твојот плач….како добредојде на овој свет. Ти го дадов името на твојот дедо Благоја кој неизмерно те сакаше, и таа желба ми се исполни….се радував на секоја твоја насмевка….од ден во ден како растеше…секој чекор ти го следев….секоја твоја промена…јас знаев и без да ми кажеш… те израснав во сокол….сега си вистински маж….сега си свој….сега се е смешно….гази го ти животот, а не тој тебе…почитувај ти твоите квалитети и корегирај ги маните…учи се на животот….затоа што ни најмалку синку мој не е едноставен….секој ден предизвици….секој ден е жив оган…ако не внимаваш…ќе изгориш…потсети се на што те учев со години…
Синко никогаш немој да го изгубиш во себе она што те краси, човечност и добра душа…имај секогаш почитување за секого…така и душата ќе ти биде мирна. Уживај во секој ден во животот, оти допрва ќе осетиш што е борба. Само храбрите победуваат. Оди само напред. Никогаш не се врти назад. Назад се животните лекиции кои само ти ги знаеш. Сега си во најубавото време…биди свој и горд на тоа што си…
ФОТО: ФЕЈСБУК
А јас како мајка ќе се гордеам со сето она што ти ќе го создаваш и со што си. Биди и понатаму мојата радост. Моја љубов. И дозволи ми да стареам природно. Нека овој роденден ти донесе мигови на среќа и здравје“ напиша Алачки во описот на фотографиите.
Под фотографијата се нижеа искрени честитки за синот на Алачаки.