Сашко Коцев открива кога и како одлучил Смилјана да биде жената на неговиот живот

ИЗВОРnovlist.mk
|

По повод највеселата и најлудата ноќ во годината – Нова Година, естрадниот магазин “Бекстејџ” направи новогодишно екслузивно интервју со популарниот актер Сашко Коцев.

“Бекстејџ” припремил 8 прашања за Сашко на кој досега веројатно не му ги поставил ниту еден друг медиум. Познатиот актер откри кој е подарокот кој засекогаш ќе го памети од својата сопруга, новогодишно пијанство кое ќе го памети, новогодишна желба која не му се исполнила никогаш и воедно раскажал дека токму за новогодишната ноќ дознал дека неговата сопруга Смилјана е вистинската жена за него:
“Бевме во врска со Смилјана, но нешто потскарани. Дојде на таа Нова година во Охрид, беше многу блесава Нова година со друштво. Таа дојде, се смиривме и тогаш одлучив дека таа е жената на мојот живот”, раскажал Сашко на прашањето “Која новогодишна ноќ би сакал да ти се повтори?”.

На крајот од интервјуто, актерот испратил и новогодишна честитка до политичарите:

“Нека им е среќна Новата година. И во новата 2020 година да си поминат како што си поминаа оваа, и новата да им биде онаква каква што им беше и годинава”, изјави Сашко низ смеа.

Погледнете го целото интервју: