Последната кавга помеѓу Амал и Џорџ Клуни околу посвојување на дете од Ирак направила проблем во навидум совршениот брак.
По средбата со деца бегалци од Ирак, која ја разнежнилa убавата адвокатка, 41-годишната Амал започнала да инсистира на тоа таа и нејзиниот сопруг Џорџ Клуни да посвојат едно дете.
Но, актерот одбива да попушти пред желбата на својата сопруга, пренесуваат странските медиуми.
Но, тука наводно не е крајот на нивните проблеми – се зборува дека Џорџ под притисок започнал да ја изневерува Амал со друга жена, па нивниот конфликт станал уште поголем.
Иако деталите засега се непознати, се нагаѓа дека нивниот однос поради другата жена станал многу напнат. И покрај гласините и шушкањата, парот сè уште не се обратил пред јавноста.
Прашање е дали воопшто нешто ќе искоментираат по повод ваквите гласини поради тоа што Џорџ своевремено рекол дека не сакал да зборува за бракот со Амал бидејќи тој никогаш не се распрашува за животите на другите луѓе.
За потсетување, парот се венчаше во септември 2014 година, а 3 години подоцна станаа родители на близнаците Ела и Александар.