Погледнете како изгледа синот на Ана Бекута кој беше оставен во дом веднаш по породувањето

ИЗВОРnovlist.mk
|

Пејачката Ана Бекута на само 17 години го роди својот син Игор Полиќ кој беше принудена веднаш да го остави во дом за незгрижени деца.
Игор Полиќ, синот на Бекута кој е роден 1976 година, додека таа била сеуште тинејџерка никогаш не и замерил на мајка си што како бебе го оставила во дом.

„Откако знам за себе, знам и дека мајка ми еден дел од животот била принудена да живее без дете. Тоа никогаш не се криеше од мене, ниту на мене остави било каква последица. Мојата мајка сето тоа ми го надомести покасно, а и многу повеќе од тоа. Ние двајца и ден денес слободно и отворено разговараме на таа тема. Таман работа да и замерам на мајка ми што морала да ме даде во дом. Никогаш тоа не сум и го префрлил. Мојата мајка морала тоа да го направи бидејќи таков бил законот во тоа време.„- изјави Игор, кој не е во никаков контакт со својот татко, вели дека знае се за него, но не разговараат.


„Секој викенд патував само да го видам Игор, кој ми се смешкаше од креветчето чувствувајќи дека сум му мајка. До следната сабота живеев само за повторно да го почувствувам неговиот мирис. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и разумот таа птица повторно ми ја вратија во крило.“- изјави Ана Бекута која исто така нагласи дека во животот се кае само затоа што не родила уште едно дете и поради ништо друго.