Полицијата во Калифорнија се обидува да фати крадец користејќи карикатура која уметник ја цртал додека тој наводно му икрал 500 долари.
„Ја препознавате ли оваа карикатура? И не, не се шегуваме…“, напишала полицијата од Риверсајд на Фејсбук вчера, а фотографијата веднаш станала вирална.
DO YOU RECOGNIZE THIS CARICATURE? And no, we are not kidding…On Thursday, December 5, 2019, the victim was working…
Gepostet von Riverside Police Department am Dienstag, 17. Dezember 2019
Кога уметникот ја завршил карикатурата, крадецот зграбил торба со пари и избегал оставајќи трага, навеле од полицијата.
„Ова е карикатура на осомничениот, па нормално, има многу карактеристики и значки“, додале тие.
Карикатурата насмеала многумина на социјалните мрежи, но имало и такви кои се растажиле поради фактот дека уметникот ги загубил парите.
„Се надевам дека ќе го фатат“, е само еден од коментарите на Фејсбук.