Најмладиот син на Брена прв пат во јавноста се појави со девојка, сите ја помеша со Теодора Џехверовиќ

ИЗВОРnovlist.mk
|

Синот на Лепа Брена за прв пат во јавноста излезе со девојка. На сите им се причини дека за рака ја држеше атрактивната пејачка Теодора Џехверовиќ
„Ау колку наликува на онаа плава девојка што беше дел од Задруга!“- Рече една жена која дојде на представата.

Младиот Виктор кога го дочекаа фоторепортерите пред Битеф, го забрза движењето за побрзо да ги помине апаратит, но потоа излезе и застана да и позира на камераа заедно со својата мајка и новата девојка Сандра Миљковиќ.


Сандра е студентка на Српски јазик и книжевност, а исто така се занимава и со шминкање.


Инаку, представата „Лепа Брена проџект“ го следи животот на пејачката и успонот кон врвот на музичката сцена на некогашна Југославија. Опишани се сите политички и економски траннсофрмации кои се случуваа со распадот на големата држава.