|
Македонскиот пејач Ламбе Алабковски иако не е присутен на музичката сцена, сепак тој понекогаш е присутен во медиумите и може да прочитаме за неговите активности од САД.
Ламбе заедно со неговата сопруга Магдалена и синот Михаил живее во САД, а пејачот во една прилика истакна дека после Михаил ништо не е исто.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЛАМБЕАЛАБАКОВСКИ
Македонскиот пејач во САД микрофонот го смени со работа како обезбедување на аеродром. Тој некогаш знае на социјалните мрежи да објави фотографии и да открие како денес изгледа неговиот живот илјадници километри далеку од Македонија.
Ламбе ужива во семејните мигови и во љубовта со неговата сопруга и синот, па надвор од обврските си посветуваат време и максимално уживаат.