Сузана Гавазова го покажа новогодишниот амбиент во својот дом (фото)

|

Фолк пејачката Сузана Гавазова откако од Шведска повторно се врати во родната Македонија, таа не застанува со снимања и настапи.

Уште додека со сопругот и децата живееше во странство, таа за медиумите изјавуваше дека не се навикнала да живее таму и дека посакува да си се врати во својата татковина.

Пред неколку месеци тоа и го реализираше, па не застанува кога музичката кариера е во прашање.

ФОТО:СУЗАНА ГАВАЗОВА/ИНСТАГРАМ

Перидов активно снима новогодишни емисии, но најде време да ги израдува своите деца и да им ја накити елката во домот.

ФОТО:СУЗАНА ГАВАЗОВА/ИНСТАГРАМ

Како што е редот, фотографијата од домашниот амбиент ја објави на социјалните мрежи и делумно на своите следбеници им покажа како изгледа ова новогодишно катче.