Музичарот Горан Бреговиќ ужива во бракот со Џенана Суџук со која има три ќерки. Славниот музичар стана татко пред да се ожени со манекенката, кога ја доби ќерката Жељка од врската со Јасенка за која се знае малку.
Таа се занимаваше со танц, а раѓањето на нејзината ќерка се случи во раните деведесети.
Најстарата наследничка на Горан Бреговиќ има две деца, живее во Австрија, а нејзината ќерка ги наследи гените од нејзиниот дедо.
Имено, малото девојче, внуката на Брега, свири пијано, за што мама е особено горда, пишува Нови.ба.
Инаку, другите три ќерки на Бреговиќ живеат во Париз, каде славниот музичар се преселил пред три децении. Најстарата Ема има 24 години и е уметник. Дипломирала на реномираната академија за ликовни уметности во Нант. Интересно е што за другите две ќерки на Бреговиќ, Уна и Лула, не се знае речиси ништо, освен тоа што сите три се со различна вера, за што зборуваше и музичарот.
– Моите деца, кога беа мали, беа муслимани во времето на Бајрам, затоа што во тоа време примаа подароци, а на Божиќ и Велигден беа христијани, затоа што тогаш исто така добиваа подароци. Сега, едната е муслиманка, другата е будист, а третата православна“ – вели Бреговиќ.