СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) и В.Л.(36).
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Пријавените заедно изготвиле лажна Потврда за редовен работен однос во фирма во Скопје за првопријавената М.Ј., со што во банка во Скопје лажно прикажала дека е кредитноспособна. После тоа, М.Ј. подигнала кредит од 900.000 денари.