Денес е хоспитализиран сопругот на кралицата Елизабета Втора

ИЗВОРnovlist.mk
|

Бакингемската палата соопшти денеска дека принцот Филип е примен во лондонска болница „за мерки на претпазливост“.

Соопштено е дека 98-годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора е во болницата „Кинг Едвард VII“ заради анализи и лекување на постоечка состојба.

Тој претходно бил на имотот на кралското семејство во источна Англија.