УНИЦЕФ ја прогласи најдобрата фотографија за оваа година

ИЗВОРnovlist.mk
|

Фотографијата со наслов „Децата, отпадот и смртта“, која ја сними германскиот фотограф Хартмут Шварцбах на Филипините, е прогласена за најдобра во 2019 година според УНИЦЕФ. Таа прикажува деца кои со голи раце, во вода до колена, собираат ѓубре од пристаништето во населбата Тондо во Манила. На тој начин наоѓаат предмети што можат да ги продадат и да заработат 90 центи на ден.

Тондо е најголемото гето на сиромашните во земјата, каде што 70.000 луѓе живеат на еден квадратен километар во куќички без вода и електрична енергија, изложени на разни зарази.

Фотографијата раскажува за борбата за преживување на децата и отсликува три трагедии на нашето време: сиромаштија, загадување на животната средина и детска работа, ја образложи УНИЦЕФ својата одлука.