Ноќеска во Велес, околу 23 часот, избувна силен пожар што целосно изгоре една куќа во која се претпоставува дека настрадал и сопственикот, лице на околу 80 годишна возраст, а една куќа е делумно зафатена од пожарот.
Ова го објави градоначалникот на Велес Аце Коцевски кој на ФБ напиша дека по интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес пожарот е ставен под контрола. Куќата која изгоре е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век, каде што режисерот Милчо Манчевски снимаше делови за спотот за убавините на Македонија.
Од пожарот оштетена е и соседната куќа на Маневи, дел ја зафатил огнот дел од водата со која се гаснел.
Надлежниот јавен обвинител ќе изврши увид за да се утврдат причините за настанување на пожарот.