Ирина Шајк е сè уште еден од најбараните модели во светот. Таа стана мајка на Lea de Seine Shayk Cooper во Март 2017-та година.
А, неодамна за прв пат го откри и значењето на името на нејзината ќерка.
Lea de Seine е крстена по нејзината баба од страна на татко и која се викала Галина и е инспирација за првото име на Леа.
Вториот дел од името е Сена, како реката во Париз. Таа го смета Париз за еден од „највибрантните“ градови во светот и идеална инспирација за името на нејзината ќерка.
„Мајката на татко ми беше една од најсилните жени во мојот живот. Има големо значење фактот што растев во „женска“ фамилија – научив многу од силните жени кои ме опкружуваа.“
Во спомен на нејзината баба, Шајк го има истетовирано името „Галина“ на нејзиниот глужд како таа „би била засекогаш со неа“.