„Најдобриот татко на светот“- Цеца објави фотографија од Аркан и Анастасија која до сега никој ја немаше видено

ИЗВОРnovlist.mk
|

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ често објавува фотографии со кои ги разнежнува своите обожаватели.


Анастасија Ражнатовиќ денес е една од најпопуларните млади дами на јавната сцена, таа успешно и темелно ја гради својата кариера, прецизно бирајќи ги песните со кои ќе се претстави.

А сега, нејзината мајка Цеца на својот Инстаграм профил објави фотографија од детството на Анастасија на која она го бакнува својот татко Аркан, а тој ја гушка својата галеничка со цела сила.
„Најдобриот татко на светот“- пишува на сликата на која е и поставено скршено срце.

Да се потсетиме, Жељко Ражнатовиќ- Аркан е убиен на 15 јануари 2000 година, околу 17:00, во хотелот Интерконтинентал во Белград. Погребан е на 20 јануар на Белградските Нови гробишта.