Тиквата е намирница која ја обожаваме во текот на есента. Освен што е една од најздравите состојки, таа има одличен вкус и мирис.
Ова јадење може да биде совршен ручек за целото семејство.
Потребни состојки:
1 тиква во средна големина
2 главици кромид
1 главица брокула
300 гр. пилешко филе
маслиново масло
сол и црн пипер
рузмарин или мајчина душичка или италијански зачин
Исецкајте го кромидот и пропржете го на претходно загреано маслиново масло. Кога ќе добие златна боја, додајте го исечканото пилешко само за да добие боја. Тргнете од оган.
Исчистете ги брокулата и тиквата. Исечете ја тиквата на кришки, а брокулата одвоете ја на листови. Тавчето пропрскајте го со маслиново масло, па додадете ги состојките, посолете, додадете црн пипер и измешајте. На крајот додадете го свежиот рузмарин, мајчината душичка или италијанскиот зачин. Печете во рерна околу 20 минути.
Послужете додека е топло и уживајте во ваквиот оброк.