Зошто мора барем една Нова година да дочекате на Барбадос?

|

Секој човек со малку подлабоки џебови, а особено оние кои имаат свои приватни јахти, знаат што можат да очекуваат ако за Нова година се упатат кон Св. Бартоломеј.

Сепак, оние кои преферираат прослави со помалку забава, своите очекувања баш и не можат да ги исполнат овде. Се разбира, постои место кое ќе им понуди сè што им е потребно, а во прашање е Барбадос со своите спектакуларни марини и врвни резиденции. Според мислењето на жителите, дочекот на Новата година во Барбадос е нешто сосема поинакво од она од што можеби сме навикнати.

Според традицијата, овде старата година ‘се испраќа’ на плажа, а претходно, многу гости посетуваат спа центри и уживаат во сите нивни благодети. Со заоѓањето на сонцето, кое овде е повеќе од спектакуларно, со гурманските јадења, огнометот кој следи – ова доживување е единствено.

Исто така, многумина уживаат во чекањето на зората на плажа или на својата приватна јахта, а генерално, забавите на Барбадос и траат до раните утрински часови. Убавината на Барбадос може да се опише и со бројни негови врвни ресторани, во кои работат мајстори на занаетот од Лондон, Њујорк или Лос Анџелес.

Природата која ќе ја затекнете овде ќе ве воодушеви со својата убавина, мирис, арома и магија, додека беспрекорните и по малку диви плажи ќе ве наведат на 31-ви декември на полноќ да посакате да сте Робинзон Крусо, кој повеќе никогаш не мора да се врати во цивилизацијата.