Десет лесни начини да го забрзате телефонот и да го продолжите траењето на батеријата

|

Купивте одличен нов телефон и неколку месеци подоцна сфативте дека не е брз како некогаш? На сите тоа им се случува порано или подоцна, а проблемот не е ограничен на поевтините уреди – и многу врвни телефони се склони на барем благо забавување по повеќемесечна употреба.

За среќа, пишува “AndroidCentral”, постојат неколку едноставни начини да го вратите својот телефон во полна брзина. 

Користете “Files by Google” да ги исчистите кешираните податоци и просторите за складирање

Апликацијата за управување со датотеки која ја направил Google, не само што ги анализира неискористените датотеки и апликации, туку овозможува и лесен пренос на датотеки. Посебно е корисна кога се обидувате да пронајдете непотребни датотеки на својот телефон.

Оневозможете го bloatware и некористените апликации

Повеќето Android телефонски уреди доаѓаат со одреден облик на bloatware апликација на себе. За среќа, можете да ја оневозможите – или во некои случаи да ја избришете – како и повеќето апликации кои се однапред инсталирани на вашиот телефон, ако не ги користите.

Влезете во Settings – Apps и проверете ги инсталираните апликации. Избришете ги или стопирајте ги оние кои не ви се потребни.

Проверете дали сте го инсталирале најновото ажурирање

Добра пракса е телефонот секогаш да ви биде ажуриран, бидејќи повеќето произведувачи на тој начин ги исправаат грешките и ја подобруваат стабилноста на уредите. Google исто така издава месечни безбедносни исправки, кои се клучни бидејќи нудат исправки за безбедносна ранливост. Иако можеби не гледате огромна разлика во целосното корисничко искуство при инсталирање на безбедносните “апдејти”, тие обично содржат исправки кои значајно ги подобруваат перформансите на вашиот телефон.

За да видите дали на вашиот телефон е достапно ажурирање, кликнете на Settings – About Phone – System Update.

Инсталирајте Lite верзија апликација

Ако користите телефон со ограничена меморија и складиште, употреба на лошо оптимизирани апликации може да предизвикаат многу фрустрации. Фејсбук е совршен пример за тоа, бидејќи апликацјата има тендиција да биде бавна дури и на сосема нови телефони. Сепак, Facebook има Lite верзија на својата апликација која работи подеднакво добро, а користи дел од ресурсите “големите” апликации. Тоа не е се. Тука, на пример, се и Messenger Lite, Twitter Lite, Skype Lite, YouTube Go и слични апликации со наставката “Go”.

Исчистете го почетниот екран

Користењето на лајв позадина има тенденција да ја забави работата, посебно ако користите евтин телефон. Ако забележите доцнење при префрлање меѓу апликации или кога ќе ја напуштате апликацијата за да се вратите на почетниот екран, обидете се да префрлите на статичка позадина.

Обидете со друг “launcher”

Иако многу произведувачи сега одат во насока на поедноставување на корисничкиот интерфејс на телефонот, и натаму UI е често пренатрупан и тежок за користење. Посебно во тоа предничат кинеските произведувачи со своите интерфејси како EMUI i MIUI кај Huawei, односно Xiaomi телефоните. Сепак, тоа може да се заобиколи со преоѓање на друг launcher, како Nova Launcher и Action Launcher, кои овозможуваат прилагодување на секој аспект од корисничкиот интерфејс.

Оптимизирајте ја батеријата

Ако забележите дека батеријата на телефонот се троши побрзо од обично, често причина се апликациите кои во позадина работат и ја трошат. Во Settings – Battery, можете да видите кои апликации посебно трошат батерија и сопрете ги со клик на “Force Stop”. Уште нешто, ако батеријата не трае ни еден ден, обидете се со вас секогаш да имате екстерна батерија.

Оневозможете го “always-on” модот.

Екранот кој секогаш е вклучен секако е корисен бидејќи можете да ги видите известувањата без да го отклучите телефонот, но оваа функција доаѓа со цена – траење на батеријата. Ако видите дека батеријата ви се троши побрзо од обично, исклучувањето на “always-on” екранот може да биде едноставен начин да се реши проблемот.

Исклучете го “Bluetooth” кога не ви е потребен

Исклучувањето на “Bluetooth” ќе ви овозможи да го продолжите траењето на батеријата. Разликата можеби нема да биде драстична, но и тоа малку може да биде од помош, па има смисла да се исклучи кога не се користи.

Не инсталирајте оптимизатори на батеријата

Ова можеби изгледа контраинтуитивно, но повеќето апликации за “поправање” на батеријата не вредат многу. Овие програми не прават ништо друго освен отстранување на апликации кои работат во позадина и бришење на кеш на вашиот телефон, но често и по цена на наметливи огласи, па дури и малвери.