Неверојатна трансформација на познатиот Британец: Вака изгледал пред 2 години, а сега е потполно фит

|

59-годишниот славен британски водител Сајмон Кауел, најпознат како член на жирито на тамошниот “X Factor”, во изминатите неколку години имал големи осцилации со телесната тежина, но веќе извесно време е во топ форма.

Кауел во еден момент се здебелил до таа мера што станал мета на злобни коментари, но набрзо започнал да работи на решавање на тој проблем и денес може да се пофали со витка фигура. 

Британецот јавно зборувал за режимот кој му помогнал трајно да се ослободи од килограмите, а диетата на шега ја нарекол “Ерик Кауел исхрана”, по својот син кој го има со Лаура Силвермен.

Имено, 5-годишниот Ерик најмногу сака да јаде сиров зеленчук и да пие вода, а токму таквата исхрана му помогнала на Сајмон да ослабне.

“Откако пристигнаа резултатите од крвните анализи, докторот ми забрани да јадам црвено месо, млечни производи, глутен, шеќер и леб. Не смеев да пијам ниту алкохол. Едноставно се придржував до советите и тие покажаа резултат”, изјавил Кауел и додал дека ќе се труди во целост да прејде на веганска исхрана.

Водителот започнал да се придржува до овој режим откако во 2017 година завршил во болница поради исцрпеност и низок крвен притисок.

“За 24 часа потполно ја променив својата исхрана. Колку подобро се чувствуваш, толку подобро и изгледаш. Го исфрлив сето она што не смеев да го јадам. Месо, млеко, пченица и шеќер – тоа беа четирите главни работи”, објаснил тој и истакнал дека ослабнал над 15 килограми.