Жена од Нови Сад откако се омажила а својот сопруг живее на релација Балкан- Швајцарија.
Но поради една необична ситуација таа решила да се врати во својот роден град, а настојува да го убеди и својот сопруг да го направи тоа.
Имено, Срна Загорац пред 14 месеци се омажила за Мијат и од тогаш половина месец живее во Србија, а половина со сопругот во Швајцарија.
Но таа била вџашена од она што го доживеала во оваа земја која претставува сон на секој Балканец. Имено, како што вели таа, комшиите во Швајцарија го следат секој ваш чекор и доколку направите нешто што не е според нивните правила веднаш ќе ви викнат полиција.
Тоа и се случило и на неа кога еден ден решила на својот сопруг да му однесе ручек на работното место. Имено, тој работел во својот сервис за автомобили, но кога го однела ручекот и некои од комшиите ја забележел и ја пријавил, веднаш дошла полицијата во сервисот.
Како што вели таа, од полицијата била обвинета дека работи на црно и дека сега мора да се докажува на суд дека тоа кај нас на Балканот е сосема нормална работа и дека само сакала да му однесе ручек и да му го подгрее на својот сопруг, како вистинска домаќинка.
„Ова е полициска земја во која се’ се врти околу парите и даноците. Едноставно што и да правите, данокот морате да го платите, па дури и кога држите домашен миленик. Тука ретко кој има своја куќа бидејќи сите се под хипотека. Ако сте болни, можете да завршите на улица доколку немате пари за осигурување или за лечење. Тие немаат емоции, па затоа животот во Швајцарија е обична фарса“, вели Срна. Таа вели дека комшиите ќе ве пријават во полиција и ако решите сами да поправате нешто што ви се расипало дома, бидејќи според нивните закони, тоа мора да го направи мајстор кој морате дебело да го платите.
Во спротивно ќе бидете обвинети дека работите на црно и е треба да платите казна, бидејќи некој комшија сигурно ќе ве пријави, додава таа.