Во Венеција денес плимата достигнала 139 центимтери, а речиси половина град е под вода.
Венеција е погодена од нов бран поплави, само неколку недели откако тој историски град во Италија поради високото ниво на вода, претрпел огромна материјална штета.
Потенцијалната критична плима од 159 центимтери била предвидена за понеделник, но ја спречил ветерот од Јадранот, пренесува АНСА.
Нивото од 100 до 120 центимтери над нивото на морето се честа појава во градот, но секоја вода преку таа граница претставува ризик за Венеција.
Кон средината на ноември нивото на водата достигнало 1,87 метри, што е најмногу во последните половина век.
Градоначалникот на Венеција рекол дека се оштетени куќи, продавници и историски споменици и дека штетата се проценува на околу милијарда евра.