Обновен е стариот брак – Џенифер и Бред повторно се заколнаа на вечна љубов

ИЗВОРnovlist.mk
|

Американските медиуми неодамна пренесоа дека поранешниот сопруг на Џенифер Анистон се нашол меѓу поканетите гости на божиќната забава, но сега тврдат дека причината за собирот со нивните пријатели воопшто не биле празниците.

Џенифер Анистон неодамна организирала забава по повод претстојните празници, а меѓу поканетите гости се најдоа многу холивудски ѕвезди: Том Хенкс, Рита Вилсон, Џими Кимел, Кејт Хадсон, Лиса Кудроу, Риз Витерспун, но дефинитивно најголемо внимание привлече присуството на Бред Пит, нејзиниот поранешен сопруг.
Медиумите го пренесоа секој детаљ до кој што успеале да дојдат па дури и колку часа актерот бил присутен на забавата, а сега отидоа чекор понатаму.

Порталот „New Idea“ тврди дека Бред и Џенифер се вериле таа вечер.

Извор кој неодамна бил на таа забава раскажал дека Џенифер Анистон се потрудила сè да изгледа беспрекорно па го ангажирала организаторот на венчавката Кевин Ли кој нејзината вила во Бел Ер ја декорирал до совршенство со помош на светилки и елегантен шатор во дворот.


Џенифер со Џастин Теру во 2015-та година се венчаа тајно токму во рамките на нејзината роденденска забава па многумина сега помислиле дека историјата се повторува.

„Пристуството на Бред ги поттикнало сите да мислам дека историјата се повторува и дека тоа што таа ги собира сите свои пријатели е совшен начин за официјално да го прослави смирувањето со Бред“ – тврди изворот.


„Џен не криеше дека сака повторно да се омажи за Бред и дека знае дека ова е совршена можност за тоа да го направи тајно, во присуство на најблиските“ – додава тој.

Ниту Бред Пит ниту Џенифер Анистон не се огласија по повод на веста која осамна во порталот „New Idea“, но американските медиуми тврдат дека можеби и нема никаква вистина во тоа.