Многу родители од Мексико и Хондурас ги праќаат своите деца самостојно да ја минат границата со САД.
Во видео-прилогот за BBC, зборувале за таа одлука.
Фернанда од Хондурас го испратила својот 7-годишен син до границата: “Му реков, кога ќе дојдеш до половината на граничниот мост, таму има службено лице. Моето срце е со него”.
Таа од Мексико го набљудувала како сам влегува во САД.
“Го допре моето лице, ми ги избриша солзите. Вети дека нема да плаче”, додала таа.
Таа е еден од родителите кои ги праќаат своите деца самостојно да ја минат границата и да добијат азил.
Даниел од Хондурас го испратил својот 8-годишен син до границата. На парче хартија му го напишал телефонскиот број на неговиот роднина.
“Го лажев бидејќи бев тажен, ми кажав дека ќе му се приклучам. Кога дојдоа службениците, му ги погледнаа рацете. Тоа беше последен пат да го видам своето дете”.
И едното и другото дете се надеваат на средба со роднините во САД.
Но, новите правила го ограничиле добивањето на азил за граѓаните на Мексико, па тие чекаат на датумот кој судот ќе им го проследи.
Само 0,1 процент од луѓето остануваат во Мексико во програмата за барање на азил, но во Америка има многу деца кои доаѓаат сами.
“Сега речиси секојдневно разговарам со барем едно, ако не и неколку семејства кои пратиле мали деца, тинејџери, кои се претставиле како деца без родители”, вели Шарлен Д. Круз, имиграциски судија.
Многумина остануваат во камповите, во кои имаат основни услови.
“Како мајка не сум подготвена да го видам моето дете да спие на под и да пати од глад и студ”, рекла Фернанда за BBC.
Претседателот Доналд Трамп донел нови правила за помош во спречување на имиграцијата на јужната граница.
“Мислам дека оваа програма е предвидлива и ние ги враќаме луѓето назад затоа што знаеме дека некој би направил се што е потребно да се обиде да ги заштити своите деца”, рекол поранешниот службеник за азил, Даг Стефенс.
Што им велите на луѓето кои ве осудуваат дека сте го пратиле своето дете преку границата?
“Не мислам на луѓето кои ме осудуваат бидејќи тие не се во моите чевли. Единствено што знам е таа одлука и натаму ме боли”, рекла Фернанда.