Знаеме дека секое милениче бара внимание и тоа е најнормалната работа на светот. Но, на сопствениците често им се случува нивните мачки и кучиња да им се вовлечат во скутот баш во моментите кога тие имаат работа или кога мора да седат на работната маса и да извршуваат битни обврски.
Некогаш ги будат влажни бакнежи токму кога одлучиле да одморат од напорниот ден, а ги игнорираат во моментите кога сакаат друштво.
Но, некои миленици сакаат поголемо внимание од другите и тоа често изгледа ужасно смешно, а кучката Ава е една од нив. Таа има посебен начин на кој искажува дека сака внимание – доколку сака нејзината сопственичка да ја погали, таа ја потчукнува со шепата по рака. Ако сака да се вовлече под топлата прекривка, таа удира со шепата по неа.
Ако сака храна, вода, играчка или нешто друго – со шепата го покажува тоа. Некогаш се цврсти и самоуверени удари, а некогаш неверојатно срамежливи.
Но, сигурни или несигурни, тивки или гласни – мораме да признаеме дека тие секогаш се посебни, симпатични и смешни.
Погледнете како сето тоа изгледа од видеото во продолжение: