Извршителите денеска не работат, не извршуваат затоа што штрајкуваат. Револтирани се од новиот Тарифник кој го предложила министерката за правда Рената Дескоска. А најмногу од тоа што им се намалува наградата при извршување од сметките на граѓаните од сегашните 1.000 на максимум 300 евра. Се заканија ако помине Тарифникот на Дескоска без нивна дозвола, целосно ќе прекинат со работа.
Извршителските канцеларии кои ги посети екипата на Телма денеска беа под клуч. Само некои извршители отишле на работа, новелат не примале странки.
Првиот човек на Комората Зоран Димов за „Телма“ вели со новиот предлог на Дескоска, им се намалуваат наградите за 70 проценти. Вели тоа е неиздржливо бидејќи по втор пат се намалуваат наградите, дури морале да отпуштаат вработени, а голем дел од извршителите едвај преживувале.
Голем број на извршители едвај прежвуваат во нивните канцеларии. Имате извршители кои апсолутно немаат ни толкав број на предмети, немаат ни предмети од таков опсег. Затоа сметам дека ние треба да останеме отворени со министерството заедно со владата, да не повика, да поразговараме и да се донесе компромисно решение, вели Димов.
Доколку пак помине предлогот на Дескоска, дополнително ќе одлучат дали ќе ја остварат заканата за целосен прекин со работата.
Од иницијативата пак „Стоп за извршителите“ кои секој вторник протестираат пред Правда велат ако треба ќе им помогнат на извршителите да ги затворат канцелариите.
Ова е апсурдно сите се зачудени. Граѓаните само ме прашуваат каде ќе биде тој протест за да отидеме и ние, со тешки напори и во текот на вчерашниот ден и денес им кажав ние да се воздржиме од такви протести , они нека си протестираат. Салкале да ги затворат канцелариите, еве ние ќе им помогнеме. Конечно се надевам Владата го сфати нашиот апел, проблемот кој што го имаат граѓаните и очекуваме кои ќе бидат мерките кои што ги најавуваат. Нека ги вратат во суд, нека работат како секој поштен граѓанин“- вели Ристески.
Граѓаните пак збунети, со неверување ја примија веста дека наместо граѓаните сега штрајкуваат извршителите.
Од Министрството за правда пак кажаа дека се разгледуваат сите опции за да се постигне правичност при извршувањето. Се очекува измените во сабота да поминат на Влада, и по итна постапка да ги донесе и Собранието. Податоците пак од Централниот регистар покажуваат дека на листата топ 10 извршители, лани сите се добивки од над 100.000 евра. Околу 100 извршители во земјава имале приход од 12,5 милиони и ќар од 4,7 милиони евра.