Митот е откриен – зошто скршеното огледало носи несреќа

ИЗВОРnovlist.mk
|

Постојат две толкувања:

1. Некогаш огледалата претставувале голема реткост
Технологијата на изработување на огледала какви што сега ги употребуваме постои однеодамна. Во далечното минато исто така постоеле огледала, но не било лесно да се направат. За изработката се употребувале и ретки материјали како вулканско стакло, на пример. Дури кога би го имале сиот потребен материјал, биморале да владеете со посебна технологија на изработка, којашто се чувала во тајност. На пример, Венеција во 15. и 16. век се прославила по своите занаетчии кои правеле стакло и го извезувале ширум Европа, но своето умеење го чувале од другите, со цел да го задржат монополот.

Од овие причини не секој поседувал огледало в куќи, особено ако станувало збор за сиромашни села, далеку од главните патишта. Некои видови на огледала сте можеле да ги купите на некој пазар или од некој залутан трговски патник, но по исклучително висока цена и затоа луѓето би го чувале како очи в глава. Кој немал огледало, можел да се огледа само во вода.

Верувањето дека тој кој ќе разбие огледало ќе има седум години несреќа се појавило со цел луѓето да ги чуваат и внимаваат да не дојде до нивно оштетување. Реткоста и скапоценоста на огледалата, според некои, е причината за оваа празноверие.

2. Огледалото ја заробува човечката душа
Старите Римјани верувале дека огледалот заробува дел од човековата душа, затоа што во него човек може да си го види своето лице. Затоа кога ќе се скршело огледало, се верувало дека дел од душата на тој кој го разбил огледалото ќе остане заробен во огледалото. Тоа би траело седум години, бидејќи според верувањето на старите Римјани, човечката душа се обновувала секои седум години.

Секако, постоеле начини ова проклетство да се измени. Еден од начините да се стори тоа било огледалото да се разбие во најситни делови. Тогаш делото од заробената душа би се ослободил. Друг ефикасен начин бил деловите од огледалот да се закопаат под дрво за време на полна месечина. Третио начин бил деловите да се фрлат во река.

Но сепак, за оние кои не се суеверни, постои и трето толкување а тоа е:

Прославените венецијански мајстори од 15 и 16 век, за да им тргне бизнисот велеле дека скршено огледало носи лоша среќа со цел и луѓето кои имаат само една пукнатина на огледалото, веднаш да го заменат и да купат ново. Па, во лагата со која го раздвижиле бизнисот го направиле едно од најголемите суеверија.