Кристина Димитриевска која на јавноста и е попозната како поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, периодов е доста актуелна во медиумите.
Причината за тоа е што таа деновиве стана мис на Балканот за 2019 година и ја доби дијадемата за најубавата девојка во регионот.
Ако пред неколку години како мажена жена беше во медиумска илегала, сега како разведена е една од најактивните корисници на социјалните мрежи како никогаш досега.
ФОТО:КРИСТИНА ДИМИТРИЕВСКА/ИНСАТГРАМ
Објавува детали како од приватноста, така и од своите работни ангажмани како фитнес инструктор, пејачка и модел. Меѓу нејзините понови објави на „стори“ приказните, таа објави една фотографија за која појасни дека некој ја следи.
-Болесно е да те следат! Имете ли малку мозок?- прашува актуелната мисица која според знаковните симболи покажа дека е револтирана.
Идентитетот на лицето пред кое собрала храброст да застане и да го фотографира, го сокри пред очите на јавноста, но кога веќе е нејзин следач, веројатно ја следи секаде, па и на социјалните мрежи каде најверојатно ќе се препознае.
Оваа непријатност која влева страв, може да се случи секому, а на Кристина најсигурно и е да има придружба, за да се чувствува безбедна во секој чекор.
ФОТО:КРИСТИНА ДИМИТРИЕВСКА/ИНСАТГРАМ
Едно е јасно, медиумите периодов сигурно ја следат, легитимно и оправдано, а за останатите следачи, осбено оние непосредните, ќе отвора очи и на тилот, за оние со добри или задни намери.