Колку ќе не чини новата патарина кон Грција?

ИЗВОРnovlist.mk
|

Од 60 до 80 денари ќе ја плаќаме новата наплатна рампа ако сакаме да стигнеме до соседна Грција, објави „Фактор“.

На делницата Демир Капија-Смоквица е пред крај изградбата на втората патарина а надлежните засега немаат одредено колку ќе се наплаќа на истата.

Моментно на тој патен правец возачите плаќаат само една патарина која чини 100 денари и која почна со наплата од август.
Зоран Китанов, првиот човек на ЈП за државни патишта кажа дека нови патарини ширум државата ќе има и кај Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.