На Германците очајно им се потребни работници.
Според првиот човек на германското здружение на занаетчии, Ханс Питер Волсејфер, Германија во моментов има огромна потреба од занаетчии и мајстори во сите делови на земјата и доколку не го реши овој проблем ќе страда целата економија.
Потребни се работници речиси од сите гранки – од градежништво, молери и монтири, до професионални месари и готвачи.
Новиот закон за вработување на професионални квалификувани работници надвор од земјите на Европската унија ќе важи од 8 март 2020 година.
Законот неодамна го најави и канцеларката Ангела Меркел преку видео порака, и со него ќе се олесни процедурата за добивање виза и вработување на лица кои потекнуваат од земји кои се надвор од Европската унија.
Потребно е да се знае германски јазик, но постои и возрасна граница, односно оние лица што се постари од 45 години ќе мораат да покажат дека досега доволно уплаќале во пензиското осигурување. Ова правило нема да важи и за оние што имаат минимум 3600 евра бруто плата.
Еве што им нудат на Балканците
Во овој момент во Германија најбарани занимања се од медицинската струка, од доктори, специјализанти, медицински сестри до негуватели, потоа од ИТ секторот и програмирање од кои се бараат инженери, но се бараат и градежни и работници од услугите за транспорт и слично.
Само во Германските железници во следните пет години ќе има потреба од 100.000 нови работници, кои доколку во Германија не дојдат работници од други земји, нема да можат да ги најдат. Покрај ова потребни се и мајстори во градежништво, санитарни инсталации и монтери, телекомуникациски техничари, месари и експерти во прехранбениот сектор.
Невработеноста на Германија се спушти на најниско ниво од обединувањето на поранешните земји од Источна и Западна Германија во 1990 год, објави германската федерална агенција за вработување.
извор: glamur.mk