Во петокот се ожени македонскиот фудбалер Ристе Митревски (25) со постарата ќерка на фудбалскиот тренер Никола Јурчевиќ – Лана (25).
Венчавката се одвивала во црквата Свети Марко во Загреб.
Сопругата на Митревски е популарна загребска пејачка, а дел од нивната прослава ја споделила со своите следбеници на социлајната мрежа Инстаграм.
Уште една новост кај овие двајца младенци е тоа што наскоро ќе станат млади родители бидејќи невестата Лана е бремена.
Двајацта блескале на нивната церемонија, а насмевките не ги симнувале од нивните лица што биле огледало на нивната неизмерна среќа.
Младата и убава невеста била облечена во невестински фустан од тантела и имала долг вел, а нашиот Ристе носел елегантно црно одело искомбинирано со бела кошула.
На нивната венчавка очигледно е дека имало гости и од Скопје, меѓу кои и некогашните соиграчи на Митревски од времето кога тој играше за скопски Металург.