Елена Стефановска 2019 ја испраќа со стил: Водителката со неколку фотографии ги сублимираше најубавите моменти

|

Од Новата 2020 година не дели само уште еден ден, а веќе одамна ги сублимираме впечатоците од 2019 година.

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска оваа година ја испраќа со многу убави спомени, а како што вели оваа дефинитивно била нејзината година.

Стефановска на „Инстаграм“ во повеќе делови ги откри своите најубави моменти од 2019 година. Имено, таа прво објави колаж од фотографии од патувања, а во објавата напиша:

одмор на Јадранско Море
– патување во Загреб, Париз, Ријека, Опатија
– многу љубов
– модни комбинации
– убави приказни за сите мои инстаграм следбеници

Потоа, во вториот дел од сублимирањето на впечатоците, Стефановска истакна дека 2019 е нејзината година и дека е благодарна на секој момент во неа.

Но, водителката дефинитивно  2019 ќе ја памети и по љубовта, со оглед на тоа дека оваа година ја обелодени својата врска со Бојан.

Таа, исто така на социјалните мрежи објави колаж од неколку фотографии со Бојан, а како објаснување даде: „Се што ви е потребно е љубов“.

Веруваме дека во 2020 ќе продолжат убавите и среќни моменти во животот на водителката.

фото: Принтскрин/инстаграм/еленастефановска