Познатиот пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ е во брак со српската водителка на утринска програма Јована Јоксимовиќ. Тие се родители на синот Коста и близначките Срна и Ана.
За нивниот брак се зборува дека е еден од најстабилните бракови на целата естрада. Двајцата сеуште изгледаат заљубено, а Жељко многу пати јавно покажал колку ја сака и цени својата сопруга.
Јована го прати Жељко скоро секогаш, па така беше и оваа Нова година на неговиот настап во Сараево.
Пејачот без колебање на полноќ направи пауза за да може во точно време да си ја честита Новата година со својата понежна половина.
Јована веднаш истрча кон бината, прегрнувајќи го својот сакан сопруг.
Со огромни насмевки на лицата, Јована и Жељко прегрнати влегоа во 2020та година.
На социјалните мрежи, Јована со своите фанови го сподели тој момент и напиша: „Можеби е љубов, можеби и нешто полошо, Среќна нека ни е на сите 2020та година, добро започна!“
https://www.instagram.com/p/B6yFznkh4xC/