Откриено: Сте се запрашале ли некогаш зошто авионите остават бели траги на небото?

ИЗВОРnovlist.mk
|

Сигурно многу пати до сега, гледајќи во авиони на небото сте се запрашале од каде доаѓаат белите траги на небото? Тие траги се формираат тогаш кога влажните издувни гасови кондензираат во ледени кристали во воздухот кој е значително постуден на поголема висина.

Оваа појава најлесно може да ја споредите со чадот кој излегува од нашата уста кога ќе издишиме во зима, на минусни температури. Тие траги исто така можат да се наречат и облаци.
Но, ако сте забележале, тие траги се некогаш долги, а некогаш пократки, зошто е тоа така?

Тоа зависи од времето. Подолги траги се формираат во влажни услови додека пак пократки траги има кога влажноста е на пониско ниво. Па така, според тие траги може да се предвиди времето.

Тогаш кога ќе забележите долги бели траги, можеби на пат е невреме, а доколку трагата е кратка, не грижете се, времето сигурно ќе биде добро.
Во продолжение следи анимирано интересно видео, кое ќе ви помогне да дознаете уште повеќе интересни факти за авионите: