16-годишниот Орхан Багашов создаде бионичка рака која треба да ги замени ортопедските помагала

ИЗВОРnovlist.mk
|

Бионичка рака наменета за лица со ампутирана подлактица која ќе работи на сензори за неколку месеци ќе стана реалност, благодарение на 16 годишниот тетовец Орхан Багашов.

Прототипот на раката е речиси при крај, останува да се вградат уште два прста и сензорите за движење.

Овој изум кој ќе биде наменет за деца и млади ќе биде подостапен и ќе чини поефтино од ортопедските помагала. Раката е дизајнирана така што секој може да ја изработи во домашни услови и самиот да ја состави без претходно да има некакво искуство.

На бионичката рака му претходела изработка на 3 – Д Принтер и роботска рака. Од сето ова замислата е да се направи робот.

Идејата за бионичка рака произлегла од конкурсот на УНИЦЕФ за изнаоѓање дигитално решение за лица со попреченост. Тимот за секое одбрано решение ќе добие награда од1.000 долари за доработка и усовршување на проектот.

Инаку Багашов за 3-Д принтерот и за роботската рака има добиено повеќе домашни и странски награди за иновација.