Првото помрачување на Месечината од вкупно шест што ќе се случат во 2020 година, ќе биде на 10 јануари. Почетокот на помрачувањето ќе биде во 18 часот и 8 минути, а крајот во 22 часот и 12 минути.
Ова помрачување ќе има големо влијание на сите хороскопски знаци. Астролозите препорачуваат да не донесувате нагли одлуки, без претходни размислувања.
Помрачувањето ќе внесе немир, ама и тоа брзо ќе помине. Сè што ви е потребно е малку трпение.
Поволен период ќе биде единствено за Лавовите и за Девиците на кои ќе им донесе можност за нова љубов и напредување во кариерата.
На удар ќе бидат емоциите, па многумина ќе се чувствуваат раздразливо и ќе имаат недостаток на енергија, затоа не реагирајте на „прва“, туку претходно добро размислете.
Бидејќи Месечината е во опозиција со транзитните планети во Јарец, тогаш кај поедини лица може да донесе празнина, емотивен студ и песимизам. Нагласени се и завист, љубомора, очај, страв, безнадежност, а можат да се јават уште многу фрустрации.
Извор: Слободен печат