Преубавата водителка на Канал 5 синоќа славеше роденден. Како и секоја година така беше и овој пат, Милена повторно беше пречекана со тората на која пишуваше „среќен роденден Милена“, а таа со насмевка од уво до уво ја сечеше тортата на парчиња, па следеше фотографирање со славеничката.
Славењето продолжи и откако завршија работните обврски, а следен кој и го направи роденденот поубав на Милена, беше нејзиниот сопруг со кого беа во еден скопски ресторан и наздравија со чаша бело вино.
Милена не ги откри годините, но затоа сопругот Гордан беше доста расположен за јавна изјава на емоции преку неговата роденденска честитка.
-Постојано го исполнуваш моето срце со љубов кога ќе те погледнам. Нека твојот роденден биде полн со љубов. Среќен роденден сакана!- напиша сопругот.